Во Велес, од утре до 22 септември, ќе се одржува Европска недела на мобилност

Објавено: 15 септември, 2025, во 16:13 часот

Со спортско едукативна работилница на тема „Здрави деца, среќни деца“ и учество на велешката детска градинка, на Детско игралиште „Дворови“, утре, вторник, 16 септември започнува Европската недела на мобилност во Велес.

Тим од Општина Велес е организатор на манифестацијата коишто во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании во наредните шест дена утврди програма составена од едукативни работилници со деца и ученици, еко акции за заштита на животна средина, за поголема безбедност во сообраќајот, како и предавање на собрани донации за основни и средни училишта во Велес.

Европската недела на мобилност ќе заврши во понеделник на 22 септември.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.