Во велешка болница хоспитализирани 27 ковид пациенти
Објавено на 18 декември, 2021 во 15:46

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 27 ковид пациенти од кои 14 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти. Од болничките пациенти на кислородна поддршка се 16, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 23 ковид пациенти и на Интерно Б одделение четворица пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент како оздравен со негативен тест.
Стефани Манева
