Во велешка болница хоспитализирани пет ковид пациенти
Објавено: 22 септември, 2022, во 15:36 часот
Сите ковид пациенти се лекуваат на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на велешка болница соопшти дека во моментов има 22 слободни болнички кревети.
Инаку во последните 24 часа регистрирани се 57 нови случаи на Ковид -19 од кои четири во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.


