Во велешка болница се лекуваат 25 ковид пациенти од нив 16 потврдени позитивни

Објавено на 9 декември, 2021 во 11:27

Во велешка болница хоспитализирани се вкупно 25 ковид пациенти од кои 16 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување и направен е трансфер на еден пациент на Инфективна клиника.

-На Инфективно одделение се лекуваат 20 пациенти и на Интерно Б одделение пет пациенти. Во велешка болница на Инфективно одделение има 30 слободни кревети, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 14 пациенти.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.