Во велешка болница се лекуваат 62 ковид пациенти
Објавено на 2 февруари, 2022 во 11:48

Од хоспитализираните пациенти 39 се потврдени позитивни, пет се сомнителни и 12 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 45 пациенти, на Интерно Б одделение единаесет и шест пациенти на Физикална. Еден пациент позитивен на Ковид -19 е преместен од Интерно одделение на Физикална, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 22 ковид пациенти.
Во велешка болница има 15 слободни болнички кревети на Инфективно одделение.
Во текот на изминатотот деноноќие од болничко лекување испишани се 12 пациенти.
Стефани Манева
