Во велешката библиотека одржано предавање на д-р Зоран Крстевски на теми од неговите книги
Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, вчеравечер предавање одржа д-р Зоран Крстевски кој зборуваше за мудростите кои стојат на страниците на неговите книги „Излез од криза“ и „ Исцелување на душата“.
-Во скоро четиричасовно предавање, д-р Зоран Крстевски, како автор на десет книги кои се едни од најчитаните во Македонија на сите нас ни е познат по неговите предавања и настапи на медиумите каде обработува теми од областа на филозофијата, психологијата и астрологијата. Во своето предавање д-р Зоран Крстевски, се осврна на повеќе аспекти од современо живеење, сепак тој истакна дека во ова време на стресно и брзо живеење смирениот дух е тоа што треба да го извлечиме од нас, да ги избегнуваме негативните лица, да најдиме наше решение за секоја стресна ситуација и неубавите работи кои ни се случуваат и да подариме внимание и љубов. Само така ќе успееме да најдиме духовен мир и ќе успееме да ја исцелиме душата, соопштија од велешката библиотека.
На самиот крај, по завршенот предавање присутните можеа да поставуваат прашања околу обработуваните теми.
Стефани Манева