Во велешката болница сè уште е голем бројот на пациенти на кислородна поддршка
Објавено: 19 мај, 2021, во 13:44 часот
Во Општа болница Велес се лекуваат 31 ковид пациенти од кои 21 се потврдени позитивни, еден сомнителен и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативент тест и 17 ковид пациенти се на кислородна поддршка, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение и во Модуларната болница се лекуваат по 14 и во Интерно одделение тројца ковид пациенти.
Стефани Манева


