Во велешките амбуланти зголемен бројот на случаи од стомачен вирус

Објавено на 13 август, 2025 во 12:59

Во последните денови во Велес е забележано зголемување на бројот на пациенти со симптоми на стомачен вирус. Матичните лекари посочуваат дека ова заболување е во текот на целата година, а најчесто се појавува кај помладата популација, особено во пролет и лето, но овојпат има и голем број на возрасни пациенти со стомачен вирус.

Кај пациентите се појавува треска, покачена температура, симптоми на настинка, гадење, повраќање, дијареа.

Лекарите посочуваат дека во многу ретки случаи, стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет. Затоа лекарите потсетуваат дека за да се заштити здравјето, многу е важно редовното миење на рацете со вода и миење под млаз вода на овошјето и зеленчукот пред употреба.

Воедно на лицата со симптоми на стомачен вирус им порачуваат да се јават на преглед кај матичниот лекар за да им се препише соодветна терапија и диететска храна.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.