Во велешка болница на болничко лекување тројца ковид пациенти

Објавено на 7 јули, 2022 во 11:07

Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани тројца ковид пациенти коишто се лекуваат на Инфективното одделение. Според портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова тие се со стабилна клиничка слика.

-Исто така се лекуваат и пет инфективни пациенти, додаде Левкова Ќулумова.

Во велешка болница на Инфективно одделение има 48 слободни болнички кревети.

Стефани Манева  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.