Во запалена куќа во Лозово починала 59 годишна жена
Објавено на 29 август, 2024 во 13:53
Во домот на педесет и девет годишната К.Т.Б во село Лозово, во вторникот, на 27 август, настанап пожар во кој таа починала на лице место. Од страна на лекар била констатирана смрт како последица од изгореници.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе.
-Интервенирано е со 2 ПП возила на пожар во куќа во општина Лозово. За жал, едно женско возрасно лице го загуби животот, соопштија од ТППЕ Свети Николе.
Во Сектор за внатрешни работи Штип случајот бил пријавен во 17:06 часот и увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.
Дума.мк