Водата во велешкото езеро „Младост“ е загадена, но рибарите вршат прихранување на рибниот фонд
Во чамец и со вреќа разновидна храна за прихрана, неколку часа, рибари ја прихрануваа рибата во загадената езерска вода во „Младост“. Чамецот пловеше по површината на водата околу браната на место на кое не плутаа корупки со жолтеникаво кафеава материја. Нивни колеги од Здужение на спортски риболовци „Бабуна“ објаснија дека станува збор за спроведување на редовна обврска што ја има граѓанското здужение коешто освен за рибниот фонд исто така се грижи и за гуските и патките во водата на „Младост“. Птиците се помалку влегуваат во водата па нивната прихрана се реализира на крајбрежјето но за потребата од храна на рибите се влегува со кајаци или чамци.
Како што дознава Дума.мк, здружението не се откажало од продолжување на чистењето на езеро „Младост“ од предизвиканото загадување. Сеуште се разговарало со повеќе биогасни централи за да се извлечат нови количини од загадувањето. Од ЗСР„Бабуна“ очекуваат дека за кратко време ќе има нова можност за извлекување од водата на наредна, можеби и поголема, количина од загадувачката материја.
Убавка Јаневска