Волонтерите од Црвен крст – Велес на еднодневна екскурзија до Смоларскиот водопад и Струмица

Објавено на 15 септември, 2025 во 12:14

По успешната реализација на пет проекти во рамките на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“, волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Велес организираа еднодневна едукативно-рекреативна екскурзија.

Целта на екскурзијата беше посетата на Смоларскиот водопад, еден од највпечатливите природни бисери во Македонија, како и прошетка низ Струмица, каде што волонтерите имаа можност подобро да се запознаат и да го зацврстат тимскиот дух.

-По повод одбележувањето на Светскиот ден на првата помош, волонтерот и демонстратор по прва помош, Никола Мацис, одржа кратка и практична обука за укажување прва помош при повреди во природа. Обуката беше од големо значење, имајќи ја предвид природната локација на екскурзијата, и овозможи на волонтерите да ги надградат своите знаења за делување во итни ситуации, за Дума.мк објасни Александра Илиевска од велешки Црвен крст.

Настанот, на кој учествуваа 15 волонтери, се одвиваше во пријатна и позитивна атмосфера, со многу дружење, забава и заеднички активности кои придонесоа за подобра поврзаност меѓу младите активисти.

Со оваа екскурзија, Црвениот крст – Велес уште еднаш ја покажа својата посветеност кон развојот на младите, унапредување на нивните капацитети и промоција на хуманите вредности во заедницата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.