Возеле под дејство на алкохол, Штипјанец задржан во Полицициска станица Велес и Кавадарчанец во Кавадарци
Објавено: 26 септември, 2025, во 15:46 часот
Првото исклучување од сообраќај на возач под дејство на алкохол се случило во 01:05 часот, утрово, на улица „Илинденска“ во Кавадарци каде полициски службеници на ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.А.(42) од Кавадарци.
-При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „шкода“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал А.А и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,95 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Ѓаковска информира дека второто исклучување од сообраќај на возач под дејство на алкохол се случило пет минути подоцна во Велес
– С.С.(34) од Штип лишен е од слобода на автопатот А1 во правец Градско-Велес, со патничкото возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал. Тој не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки мерки на место викано „Штипска клучка“ бил пресретнат и го запрел возилото. Од извршените проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,81 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица,“ додаде Ѓаковска.
Убавка Јаневска
.


