Возило се пуштило во удолница и повредило седум деца во село Мелница, две од нив транспортирани во Скопје

Објавено на 1 јули, 2023 во 21:37

Две деца се здобиле со тешки телесни повреди и пет со лесни повреди, откако возило коешто стоело паркирано во село Мелница, Општина Чашка, се спуштило по удолница и мавнало во нив. Портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека децата биле донесени во болница и биле направени потребни прегледи.

-Седум деца се донесени во велешката болница и по направените прегледи две од нив, кај кои беа констатирани тешки телесни повреди, беа пренесени во Скопје, останатите пет деца останаа на болничко лекување, додаде Левкова.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека сообраќајната незгода била пријавена во 19:30 часот.

-Во село Мелница, Општина Чашка пред куќа било паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од С.З.(44) од истото село, но во еден момент возилото почнало да се движи и удрило во седум малолетници, додадоа од МВР.

На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.