Возило удри жена на улица во Велес

Објавено на 24 септември, 2021 во 14:42

Здравствената состојба на повредената жена е добра и таа е пуштена на домашно лекување. Седумдесет и девет годишната велешанка беше повредена вчера, во сообраќајна незгода што се случи во попладневните часови на улица „Васил Ѓоргов“ во Велес.

Во неа удрило патничко возило по што возачот избегал од местото на незгодата. Повредената седумдесет и девет годишна А.А со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Велес кадешто и биле констатирани телесни повреди.

На местото на незгодата увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.