Врсничка едукација за борба против болести на зависност се спроведува во основните училишта во Велес
Објавено на 21 ноември, 2024 во 16:11
Деветоодделениците на ООУ “Васил Главинов” денеска се едуцираа за борбата против болести на зависност. Нив ги едуцираа сертифицирани врскички едукатори на Општинска организација на Црвен Крст Велес.
Целта на едукацијата беше учениците да стекнат знаења за сите последици и негативни влијанија од употребата на цигарите, алкохолот и дрогата. Тоа се пороци кои особено се интересни за оваа возраст на деца и тие доста често се изложени на овој вид на штетни појави.
Едукацијата е дел од Програмата за работа за 2024 година и одбележувањето на месец ноември, како месец за борба против болести на зависност на велешки Црвен Крст.
Стефани Манева