Врснички едукатори од ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски”промовираа стручно и дуално образование во ООУ „Васил Главинов“ (Видео)

Објавено: 5 март, 2026, во 14:33 часот

Борјан Бузалковски и Кристијан Димовски, ученици на ДСУРЦСОО ,,Коле Неделковски”, беа двајцата врскички едукатори кои спроведоа, денеска, работилница за дуално образование со 26 деветоодделенци на ООУ„ Васил Главинов“. Тие низ интересни интерактивни игри ги поттикнаа  учениците да зборуваат за идната професија и откако открија дека најголем број од деветооделенците себе си се гледаат како идни програмери применија вежби преку кои ги информираа за можностите на стручното и дуалното образование во Велес.

На работилницата само тројца ученици за прв пат ги слушнаа зборовите „дуално образование“ додека останатите знаеја што значи продолжување на образованието во средно стручно училиште.

Идните програмери како и заинтересираните ученици за струките како што се електро инжинер, кувар но и архитект, музички продуцент и професионален спортист добија можност да слушнат а потоа и да се вклучат во интерактивна игра за развивање на вештини за донесување одлуки како и за промовирање на инклузивност и прифаќање на различности.

Час и половина учесниците на работилницата беа мотивирани да говорат, слушаат различни мислења и особено да се информираат за можностите за стручно и дуално образование.

Работилницата беше дел од проектот „Врсничка едукација за информиран избор – Патеки кон стручно и дуално образование” на  Коалиција на младински организации СЕГА поддржана од „Хелветас Северна Македонија“. ДСУРЦСОО ,,Коле Неделковски” од Велес е партнер организација на Коалиција СЕГА во Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.