Втор круг за градоначалници во Неготино, Демир Капија и Росоман

Објавено на 20 октомври, 2025 во 14:04

Во трите општини каде не беше избран градоначалник во првиот круг – Неготино, Демир Капија и Росоман, граѓаните ќе излезат повторно на гласање во втор круг, каде што ќе одлучуваат меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Неготино во трка се Марија Нацева и Петар Мантев, во Демир Капија помеѓу Наталија Димитриева и Лазо Петров, додека во Росоман ќе се соочат Ѓорѓи Крстевски и Стојан Николов.

Советничките состави покажуваат предност на ВМРО-ДПМНЕ – во Неготино таа има апсолутно мнозинство со осум советници, СДСМ има пет, а по еден советник добија Левица и МААК.

Во Демир Капија распределбата е пет наспроти четири во корист на ВМРО-ДПМНЕ, додека во Росоман партијата освои четири советнички места, СДСМ два, а по еден добија ЗНАМ, ПОДЕМ и Левица.

Излезеноста во првиот круг беше највисока во Росоман – 74,61%, во Демир Капија гласале 70,68% од избирачите, а во Неготино 57,71%.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.