Втора фестивалска вечер со многу игра, песни и аплаузи (ВИДЕО)

Објавено на 8 јули, 2022 во 00:34

Преку песната и орото на гостите од Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словачка, Турција и Македонија, започна втората фестивалска вечер на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2022, којшто, се одржа во амфитеатарот на Младински парк.

Насмеаните лица на играорците, громогласните аплаузи од велешката публика беа дел од два часовната програма на втората фестивалска вечер.

Преполниот амфитеатар докажа уште еднаш дека Велес и велешани ја сакаат културата, го негуваат фолклорот и секогаш се најголеми поддржувачи на песната и играта.

Исто така, Ве покануваме да ја проследите и третата фестивалска вечер, којашто ќе се одржи утревечер, на истото место, амфитеатар, во истото време, 20:30 часот.

Во продолжение погледнете го видеото од втората фестивалска вечер на којашто настапија домашните но и гостите од странство.

Уживајте.

https://youtu.be/4B-AIvRIm2Y

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.