Вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ заврши со вечер на добитници на награди

Фестивалот, организиран втора година, од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во соработка со Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, заврши со доделување на наградите на распишан конкурс на афоризми на кои темата беше „Среќа“.
Наградата за најдобар афоризам на фестивалот ја доби сатиричарот Екрем Мациќ од градот Коњиц, во Босна и Херцеговина. Добитничка на првата награда е сатиричарката Љупка Цветанова од Штип, на втората награда сатиричарот Дражен Јерговиќ од Загреб, Р. Хрватска и на третата награда сатиричарката Елеонора Николовска од Скопје. Добитник на Специјална награда за етно афоризам е сатиричарот Ацо Ѓорѓиев од Штип.

Фестивалот „Џинот“ ги испочитува сите учесници со дипломи за учество по што тие читаа дел од своето афористичко творештво. Хумористичните настапи на Лилјана Тричковиќ и Драган Тасевски дополнително ја збогатија завршната вечер на вториот Меѓународен фестивал на сатира „Џинот“ во Велес.
Убавка Јаневска


