Второ авионско третирање против комарци, утре, во Велес
Второто авионско третирање против комарци што Општина Велес ќе го реализира е закажано за утре, 5 јули, вторник. Според општината третирањето ќе започне во 05:00 до 08:00 часот. Со третирањето ќе биде опфатено цело градско и приградско подрачје како и по течението на река Вардар. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Средството коешто се користи при третирањето е KULFAK 50 EC биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција.
Од општината особено апелираат пчеларите во времето на третирање и три до четири часа потоа да ги имаат затворено кошниците со пчели. Средството можно е да влијае врз безбедноста на пчелните семејства.
По прецизно со авионското третирање против комарци ќе ги опфати езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош. Ќе продолжи по течението на Вардар од север преку Башино Село потоа низ градот Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.
На западната страна на општината ќе ги опфати населба Превалец, населба Керамидна фабрика „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Од општината, исто така, информираа дека доколку временските услови не дозволат извршување на авионско третирање во вторник, тоа ќе се помести за ден подоцна, 6 јули, среда.
Стефани Манева