Загина 31 годишен велешанец , 20 годишна велешанка се бори за живот по сообраќајна несреќа случена ноќеска

Објавено на 10 мај, 2023 во 11:16

Сообраќајната несреќа се случила ноќеска, по полноќ, на патот Скопје – Велес, на излезот од тунелите пред Башино Село кога автомобилот којшто бил управуван  од С.Н, 31 година, излетал од автопатот.  Дваесет годишната Н.Ч е тешко повредена додека три години помладата втора сопатничка се здобила со полесни телесни повреди. Интервенирала Итна медицинска помош.

-Екипата на Итна медицинска помош на лице место за жал констатираше само смрт кај 31 годишниот велешанец С.Н, додека изврши мобилизација и двете девојки ги пренесе во велешка болница за укажување на здравствена помош поради констатирани повеќе скршеници којшто ги здобиле во сообраќајката, рече др Васе Поп – Стефанова Панова, началник на Итна медицинска помош.

Постарата сопатничка во автомобилот што го управувал С.Н се здобила со потешки повреди и како итен случај е пренесена на скопските клиники.

Како што дознава Дума.мк за вадење на повредените од провалијата покрај Вардар, интервенирале и пожарникарите од ТППЕ Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.