Загина пешак на автопат Велес – Скопје, кај Пуста Кула

Објавено на 14 август, 2023 во 11:33

Маж, којшто пеш го преминувал коловозот на автопатот Велес –Скопје, загина од удар на автомобил. Сообраќајната несреќа се случила во непосредна близина на местото викано Пуста Кула. Според возачи кои во моментов управуваат возила по автопатот лешот на загинатиот сеуште се наоѓа на местото на загинување.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев за Дума.мк ја потврди информацијата.

„Загинат е маж којшто пеш го преминувал коловозот на автопатот. Човекот бил удрен од возило со странски регистерски таблички. Во моментов трае полицискиот увид на местото на несреќата. Таму се наоѓа и Јавен обвинител како и екипа на Итна помош од Велес,“ рече Самарџиев.

Според полицискиот портпарол засега тоа се првични информации со кои располага Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.