Загинатите работници во Кавадарци се од Скопје (видео)

Објавено на 5 јули, 2022 во 15:25

Педесет и едно годишниот С.С и триесет и едно годишниот М.Н од Скопје загинаа претпладнево на плац за изградба на зграда во Кавадарци, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според портпаролката Сузана Прањиќ двајцата работници се здобиле со фатални последици по животот по пад од кран.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.

Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.

Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности“, пишува во соопштението од јавното обвинителство.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.