Заменик министерката Манолева: Во велешката болница ќе се оперира катаракта и ќе се отвори Ургентна единица

Објавено на 15 март, 2024 во 15:17

За инвестирањето во нова опрема, во кадарот и во целокупната инфраструктура ja пофали заменик министерката за здравство др Маја Манолева денеска работата на ЈЗУ Општа болница Велес.

По разгледување на медицинските апарати на Одделението за Рентгенологија и во интернистичките амбуланти на приземјето на болницата, во присуство на директорот д-р Зоран Арсовски, д-р Манолева ги наброја сите нови здравствени апарати, отворени нови кабинети и како добра практика ја издвои воведената нова методологија на Одделот за ортопедија поточно изведувањето на ендопротетски операции.

Според заменик министерката наскоро велешка болница ќе добие ново амбулантно возило а бројот на вработувања на високо и средно стручен медицински персонал ќе продолжи во тековната година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.