Започна обуката за лични асистенти на лица со попреченост во велешки Црвен крст

Објавено на 16 декември, 2022 во 12:21

Осумнаесет лица се дел од обуката за лични асистенти којашто вчера започна да се одржува во просториите на велешки Црвен крст. Овие асистенти ќе можат да ги користат лицата коишто имаат најтешка телесна попреченост или пак потежок вид на свесна попреченост.

Првата обука била искористена за запознавање на предавачите со новите лични асистенти како и договор за активностите и обуките коишто ќе ги спроведуваат во текот на останатите месеци, соопштија од Црвен крст на РСМ- Општинска организација Велес.

Оваа обука се спорведува преку верификувана програма за лица со попреченост и лица со оштетен вид. Ќе се одвива преку 200 наставни часови и се очекуваме да трае до средина на месец февруари.

На самиот крај откако ќе го заврши полагањето, тие ќе се стекнат со сертификат којшто ќе може да го искористат при работа со лица со попреченост.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.