Започнаа уписите во средните училишта, велешките имаат 735 слободни места за средношколци

Објавено: 12 јуни, 2026, во 13:07 часот

Почна уписот на идните средношколци. Во четирите средни училишта во Велес за учебната 2026/2027 година се понудени вкупно 735 слободни места, што е значително повеќе од бројот на ученици кои годинава го завршија основното образование. Во велешките основни училишта има завршено 426 деветтоодделенци што значи дека за средните училишта особено е значајно да запишат што поголем број ученици во првиот уписен рок.

Пријавувањето, како и во изминатите години, се врши електронски преку порталот  e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со своите кориснички сметки од schools.mk.

Конечните резултати од првото пријавување, односно бројот на запишани ученици, училиштата ќе ги објават на 18 јуни.

Вториот уписен термин во јунскиот рок е закажан за 23 јуни, додека третиот и последен уписен рок е на 20 август, годинава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.