ЗГ„Акцијаш ветерани“, минатата година, изведоа 23 волонтерски акции за чистење површини од смет,за уредување простори и учествуваа на меѓународна акција

Објавено на 13 март, 2025 во 13:59

Изведоа една национална и 22 локални доброволни акции и учествуваа на една меѓународна акција во минатата година акцијашите ветерани од истоименото граѓанско здружение во Велес. Во извештајот за рабоатата за 2024 година, што вчера вечер, го усвоија на Годишното собрание констатираа дека се задоволни како членови и акцијаши на Работна бригада „Кочо Рацин“ за се што волонтерски сработија на локално , на национално и меѓународно поле.

-Републичката акција за уредување на спомен комплексот куќи во Горно Врановци, беше најголема акција што ја изведовме со учество на 37 ветерани од нашето здружение и 33 акцијаши ветерани од здруженија од Гостивар, Штип, Битола, Скопје и Куманово. Во рамки на таа дводневна акција исто така го исчистивме патот од Лисиче до Долно Јаболчиште и го уредивме дворот на Извиднички центар Голозинци. Од повеќето, ќе ја издвојам акцијата што ја изведовме по повод  9 Ноември за уредување на Спомен костурница Велес. Исто така од позначајните е и пошумување со нови дрвја на паркот на Ротаријанци и Акцијаши на велешко езеро и секако учеството на меѓународната акција за пошумување во Рибнице на Похорје во Словенија, рече Петков.

За се што доброволно сработија над 70 членови на здружението имаа на располагање само 60 илјади денари, добиена од конкурсот за поддршка на граѓански здруженија од Општина Велес.

Тоа не ги демотивира и затоа за годинава во Програмата за работа планираат да изведат најмалку 25 волонтерски акции во општините Велес и Чашка, да учествуваат во акции на граѓански здруженија на акцијаши низ Македонија и да ја продолжат соработката со Сојузот на здруженија на акцијаши во Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.