Жена од Војшанци, неготинско, пријавена за исчезната – полицијата трага по неа
Објавено: 28 јули, 2025, во 11:15 часот
Ноќеска, три часа по полноќ во Одделение за внатрешни работи Неготино било пријавено исчезнување на жена од селото Војшанци, општина Неготино.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, пријавата ја поднел шеесет и три годишниот П.А. кој известил дека од нивниот семеен дом се оддалечила неговата сопруга педесет и шест годишната В.А.
Случајот е евидентиран и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на лицето.
Дума.мк


