ФК„Превалец“ го победи ФК „Ново Црнилиште“
Во натпревар од 15 тото коло на третата фудбалска лига Југ, гледачите на игралиштето во Превалец, проследија ретко интересен натпревар. Натпреварот изобилуваше со успешни акции, одлични проигрувања, инзворедни одбрани но и голови.
Почетокот им припадна на велешани кои напаѓаа но на голот на гостите, голманот Ибраими беше несовладив.
Во 21 минута биеше некој од гостинските играчи. Силниот удар заврши во главата на Чоков. На општо изненадување судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Селманоски.
Во второто полувреме кај домашниот состав во игра влезе искусниот Димче Тодоровски и состојбата на теренот се промени. Акциите и нападите одеа потечно а средината ја доби неопходната цврстина. Во 53 минута дојде до израмнување на резултатот. Пеце Стојанов беше проигран во празно, изби сам и биеше прецизно. Во 60 минута Живко Ѓоргиевски со прекрасен волеј го доведе Превалец во водсво. Во 65 минута беше веќе 3:1.
Проследивме маестрален потег на Ранготов кој со лоб удар беше прецизен. Три минути подоцна со вториот гол Пеце Стојанов ја круниса добрата игра. До крајот гостите се отворија и во 80 минута со вториот гол на Селманоски беше постигнат конечниот резултат од 6:4.
Гостите имаа уште две прилики но голманот на Превалец Ратко Јовановски одлично интервенираше.
На крај да ја споменеме и одличната игра на капитенот Крстев кој додека имаше сили покажа одлична игра. На крај за победата се заслужни сите играчи кои покажаа голема желба за освојувањето на трите бода со кои остануваат во врвот на табелата.
Лазар Лазаровски