КМФ „Кеги моби“ дома одигра нерешено со КМФ „Форца Куманово“

Објавено на 18 декември, 2021 во 10:19

Многу шанси a малку голови е карактеристика на натпреварот помеѓу КМФ „ Кеги моби“ и КМФ „Форца Куманово“, вчера вечер, во спортска сала „Гемиџии“ во Велес. Натпреварот се играше во рамки на  8-то коло на Втората футсал лига на Македонија.

Ова беше дерби на колото а нерешениот резултат од 1: 1 е можеби најреалниот епилог од настаните на теренот.

Во првото полувреме„ Кеги моби“  беше подобар создаде повеќе шанси. Во 8-та минута со голот на Ѓуров домаќините се стекна со предност.

Во вториот дел гостите тргнаа на се или ништо,ја имаа играта и шансите. Во 31- та минута испровоцираа инцидент на кој наседнаа домашните. Видовме доста мачни сцени но сепак до физички контакт не дојде. По сето ова, домаќните како да подзастанаа и во 33-та минута преку Шерифи  гостите стигнаа до израмнување.

 До крајот на натпреварот следеа по неколку шанси на двете страни но резултатот остана непроменет.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.