„МОТОВЕЛЕС ЕНДУРО“ прогласен е за шампион на 2025-та од Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Објавено: 2 февруари, 2026, во 10:16 часот
„МОТОВЕЛЕС ЕНДУРО“ титулата „државен првак во ендуро шампионатот за 2025-та“ ја понесе како резултат на постигнатите успеси на мотоциклистите Давид Ристов кој е прогласен за шампион во класа „Е2“, на Дарко Дејановски вишампион во класа „Е3“, Наум Чулчески вицешампион во класа „Е2“ и Олег Дејановски со освоено четврто место во класа „МХ 65“. Сите овие мото спортисти поединечно ги добија пехарите како и велешкиот мото клуб од страна Мотоциклистичката федерација на Македонија на гала вечер на прогласување на шампиони.

„МОТОВЕЛЕС ЕНДУРО“ во своите редови ги има најдобрите мото спортисти, возачи, од Македонија и со право е прогласен за клуб на шампиони без спонзори, без субвенции од Министерство за спорт но со големо срце,“ рече претседателот Сашко Ванов.
Најдобриот мото спортист – возач, Драган Ванов, седумкратниот шампион и трет на Европскиот БМУ шампионат 2017, поради повреда не возеше во 2025 година. Клубот годинава го очекува неговото враќање.
Убавка Јаневска


