Одбојкарите на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ први на општинската лига во Велес

Објавено на 16 октомври, 2025 во 11:05

Екипата на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ извојува победа на општинскиот турнир во машка одбојка за средношколци, што се одржа во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес.

Натпреварите вчера беа одиграни во спортската сала при самото училиште, каде што домаќините покажаа одлична игра и доминација. Во финалето, тимот на „Коле Неделковски“ се соочи со екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и извојува победа од 2:0 во сетови.

Победничката екипа ја предводеше наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев а нејзе ја сочинуваа учениците Давид Николов од 4-5, Дарко Жабев од 4-4, Драган Ставрев од 3-1, Петар Неделчев од 4-3, Лука Панов од 3-8, Павел Димовски од 1-1, Стефан Димовски од 2-8, Андреј Крчмаров од 2-7, Бојан Анишиќ од 4-4 и Марко Ангелов од 4-4.

Со оваа победа, одбојкарите на „Коле Неделковски“ обезбедија пласман на зонските натпревари во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија – Зона Велес, каде што ќе се борат за влез на регионалното ниво.

Натпреварите ги судеше интернационалниот одбојкарски судија Орданче Амбарков кој придонесе за фер и професионска атмосфера на теренот.

Ова е уште едно признание за посветената работа и спортскиот дух на младите одбојкари, кои со секој натпревар ја потврдуваат својата подготвеност и талент.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.