Плодна дискусија на претставници од Спортските Игри Велес и на Aspire 2 Sport – Innovation
Љупчо Црвенпанов и Гордан Јорданов од Спортски Игри Велес заедно со Магдалена Спасовска од Aspire 2 Sport – Innovation, вчеравечер, преку дискусија ги споделија своите искуства и важности при подготовка, организација и спроведување на една идеjа во реализација. Во Europe House Велес, пред присутни млади граѓани, поголемиот дел од нив волонтери на последните спортски игри во Велес, исто така, се потенцираше важноста и поддршката на спортската идеја во државата како и можностите за сите оние кои сакаат да се вклучат во локални активности и да придонесат за истото.
Магдалена Спасовска од Aspire 2 Sport&Innovation, рече дека дека спортскиот акселератор има за цел да ги поддржи спортските бизниси, спортските компании, со цел да бидат по иновативни, да го отворат својот пазар пошироко, поточно, не само на локално ниво туку и на национално ниво.
-Ние во оваа организација, Спортски игри Велес и во овој настан гледаме прекрасни партнери, бидејќи она што се случува во Велес и настанот што тие го организираат е еден иновативен пристап кон спортот и мислам дека е нешто што мора да биде дел од нашата спортска програма, додаде Спасовска.
Љупчо Црвенпанов за време на дискусијата сподели дека при организација на ваков голем настан многу е битна поддршката од локалната самоуправа.
-На локално ниво многу е потребна и поддршката од локалната самоуправа бидејќи паркот кадешто се одржуваат игрите треба да биде уреден и чист. За оваа потреба се разговара со претпоставени лица од општината, бидејќи иако е наша идеата истата треба да биде поддржана и од локалната власт. Ние сме се уште млади и затоа имаме мото „младите за младите“, овие игри се организираат за нив. Многу млади коишто присуствуваа на настанот за време на игрите волонтираа и не поддржуваа постојано. Тие доаѓаа дури и два часа порано на терените и ден денес, кога и да се сретнам со нив, тие секогаш прашуваат кои се плановите за следните спортски игри и мене токму тоа ми го полни срцето. Паркот е секогаш уреден за време на игрите и јас сакам да изразам огромна благодарност за тоа до локалната самоуправа. Но сепак, сметам дека така треба да биде низ целата година. Ние сакаме да развиема некоја култура барем за време не летото во тие три-четири месеци да се одржува паркот на истиот начин и да стане собиралиште за деца и возрасни. Нашиот парк е прекрасено место, додаде Црвенпанов.
На самиот крај од едно часовната дискусија се вклучија и младите граѓани коишто беа дел од публиката и ги споделија своите искуства за време на спортските игри. Тие кажаа дека организацијата е на високо ниво, дека за време на игрите запознаваат многу нови пријатели, се дружат и вистински уживаат.
Стефани Манева