Се монтира нов семафор во спотска сала „Гемиџии“ во Велес

Објавено: 10 април, 2026, во 17:30 часот

Новиот семафор чија монтажа е во тек, современ е, со дисплеј и современа апликација која ги поседува светските стандарди за регистрирање на време, постигнати голови, кошови и поени. Семафорот е стандардизиран за сите спортови и поседува голем број на функции. Исто така спорската сала во Велес ќе добие и нови обрачи како и тајмери за кошарка.

-Апликацијата што ја содржи семафорот е меѓу најсовремените. Таа ќе овозможи, по реконструкцијата на салата „Гемиџии“ објектот да биде рангиран според повисоки стандарди кои што се барани за одигрување на меѓународни спортски натпревари во кошарка, одбојка, мал фудбал како и за одржување на манифестации од висок европски ранг, рече Златко Стојковски директор на ЈП „Парк спорт“ во Велес.

Семафорот чини 595 илјади и 900 денари или околу 9 илјади 690 евра. Финансиските средства се на Општина Велес. Новиот семафор ќе стартува со работа по завршување на реконструкцијата на зградата на салата „Гемиџии“ чиј почеток планиран е за овој месец по последните проверки на подготовената техничката документација.

Од велешката спортска сала „Гемиџии“ нема да се демонтира стариот семафор. И тој ќе има своја намена покрај новиот посовремен којшто засега го имаат само уште два или три спортски објекти во Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.