Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски прв на атлетската трка „23 Октомври“ во Скопје

Објавено на 23 октомври, 2024 во 17:12

Истрча 5 километри за 18 минути и 39 секунди и победи атлетичарот Роберто Димитриевски на АК „Велес“ на атлетската трка „23 Октомври“ во должина од 5 километри, којашто се одржа по деветти пат по повод празникот 23 Октомври -Ден на Македонската револуционерна  борба на релација Парк Шума Гази Баба, од пред црквата „Сретение Господово“ во населбата Железара и цел на истото место. Стазата по која атлетичарите трчаа беше низ шума, во природа и на нерамен терен.

-Победата ја посветувам на сите  наши дедовци и прадедоци Македонци кои се бореле и гинеле во македонската национална борба за да ја извојуваат слободата. Ние, нивните потомци ,денеска, на овој голем празник  им се поклонуваме на  нивната жртва за Македонија. Вечна слава и благодарност. Победата на оваа трка  којашто се одржа денеска ја посветувам и на мојот дедо Диме Гајдов исто така спортист, фудбалер, голман  на ФК „Борец“ во Велес, кој е роден токму на денешен ден, на 23 октомври, рече  Димитриевски.

Организатор на трката е Атлетскиот Клуб „23 Октомври“ од Скопје со подршка на Општина „Гази Баба“, Атлетската Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Инаку втор на 5 километри беше Петре Завировски,а трет Бобан Попоски додека кај жените на 5 километри победи  Гордана Илиевска, втора е Ива Цекова и трета, Тања Вукобрат.

На трката на 10 километри победник кај мажите е Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“, втор на целта стигна Жан Тосев, а трет Атанас Анчевски. На 10 километри жени победи Фросина Михајловска, втора е Теа Божиновска,а трета Марија Пеликон.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.