Велешките велосипедисти повторно „го освоија“ ридот Свети Илија, одржана последната тура за годинава (видео и фото)
Објавено: 29 декември, 2025, во 11:02 часот
Традиционалналното 10 предновогодишно искачување на велосипед на ридот „Свети Илија“ се одржа вчера од страна на 20 велосипедисти кои се членови на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“. Ним им се придружија и 10 планинари, членови на Планинарско друштво „Гемиџии“ и двајца атлетичари на Атлетски клуб „Борец“. Стартот на турата беше од плоштад „Сармаале“.
Зоран Јаневски, претседател на граѓанското здружение на велешките велосипедисти за Дума.мк рече дека имале уште еден успешен ден за рекреација и дружење во кое се доживува Велес преку панорами од „птичја перспектива“ во зимски сончев ден.

„Сите учесници успешно се искачија на врвот Свети Илија. Различен беше само начинот на искачување ако се има во предвид дека велосипедистите возеа велосипеди, планинарите пешачеа додека атлетичарите трчаа. Дружбата на врвот на ридот е исто така интересно доживување. Така ние одлучивме да ја испратиме 2025 година и не згрешивме затоа што како љубители и почитувачи на природата можеме со часови да раскажуваме за доживувања, згоди или незгоди при вакви и сличи тури кои секако се позитивни, релаксирачки и мотивирачки за секој од нас. Дозволете да ги поканиме граѓаните, на наредната тура, па тие сами нека оценат за што тоа јас денеска зборувам, додаде Јаневски.



Исто така, Јаневски, во честитките за новата година на Велешани им посака здравје и среќа со препорака: „Повеќе да излегувате во природа, да возите велосипед, да пешачите, да планинарите и да трчате во природа. Ве мотивираме како наши сограѓани што повеќе да излегувате во природа и да дишите чист воздух!!“
Стефани Манева
Фото галерија:


