Започнаа активностите во Федерацијата за борење – слободен стил
Објавено на 24 јануари, 2022 во 13:21

Во Радовиш се одржа изборното државно првенство во борење слободен стил во кадетска конкуренција и настапија вкупно 12 екипи од земјата.
Игор Мицев тренерот на Боречки клуб „Борец“ за Дума.мк изјави:

-Од 12 екипи ние сме на шесто место што според можностите го ценам за убав успех. Ме радува големиот број на учесници. Наредниве два месеца имаме набиен распоред на изборни првенства за сите категории, па следат државните првенства за пионери кадети и сениори. Ќе учествуваме со борачи во сите конкуренции и очекувам добри резултати, додаде Мицев.

Следниот викенд се изборните натпревари за состав на државната репрезентација во конкуренција на пионери и јуниори а ќе се одржат во Прилеп.
Лазар Лазаровски
