Велешани утре на трибина со премиерот Заев и заменик претседателот на Владата Анѓушев
Трибина на тема: „Парите кај граѓаните, инвестиции и поддршка на домашни компании – Економија која функционира за секого“ организира Владата на Република Македонија во соработка со Општина Велес што ќе се одржи утре, 25 јануари, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Велес.
На трибината ќе се обратат претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев.
Домаќинот општина Велес информираше дека трибината е отворена за граѓаните, за претставниците на бизнис заедницата, локалните институции и установи, граѓанскиот сектор и медиумите, поточно сите кои се заинтересирани да слушнат информации за краткорочните и долгорочните планови, проекти и активности за економски развој на локално и национално ниво.
Присутните ќе имаат можност директно да им постават прашања, на премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, поврзани со предизвиците во работата и да дискутираат на значајни теми за можностите за поддршка на бизнис заедницата./У.Ј