Австрија забрани слетување на авиони од Македонија и од 17 други земји
14.07. 2020
Во борбата против пандемијата од корона вирусот, Австрија забрани слетување на австриските аеродроми од сите земји од Западен Балкан.
Новиот указ на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.
Од четврток авионите од сите земји на Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетаат на австриските аеродроми.
Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.
До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.
Според декретот, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони што ги превезуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, односно транспортот на медицински персонал, медицински сестри, и земјоделските работници.
Извор:Nezavisne.com