Уредувачка политика
„Известува и доловува“ е мотото на вебпорталот Дума.мк со кое и се обраќа на публиката за која произведува медиумски производи поточно вести, информации, анализи, коментари, осврти, колумни,блогови и истражувачки приказни поткрепени со факти и документи. Медиумските производи ги создава мал и во исто време професионален тим којшто за објавување на вистината користи најмалку два извори. Дума.мк објавува точни и проверени информации, текстови, аудио и видео приказни во медиумскиот простор во Македонија и на социјалните медиуми.
Дума.мк е медиум кој се обраќа на публика којашто припаѓа на повеќе генерации. Најголем број од вас вестите ги читаат, слушааат и гледааат преку мобилен телефон во секое време и на секое место, во Македонија и во странство. Не е е мал ни бројот од вас кои како верна дигитална публика ги читате дома, од вашиот компјутер, лаптоп, таблет.
Дума.мк има независна уредувачка политика. Вистина базирана на факти е главното мото на тимот на Дума.мк. Тимот создава медиумски производи од јавен интерес притоа почитувајќи ги изворите на информациите, собирајќи ги доказите и фактите, проверувајќи ги и анализирајќи ги, објавувајќи ги согласно Кодексот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и со одлуките и препораките на Советот за етика во медиумите (СЕЕМ). Исто како со граѓаните, тимот на Дума.мк, отворен е за соработка и со институции, локални и национални, со граѓански здруженија, со бизнис заедница, политички партии како и донатори притоа водејќи сметка да не дозволи да влијаат врз уредувачката политика. Транспарентност и одговорност се два клучни принципи во секојдневната работа на тимот.
Тимот на Дума.мк, објавен во Импресум, составен е од професионални новинари, сниматели и фотографи со долгогодишно искуство во печатени и електронски медиуми.
Двајца основачи се и менаџери на Дума.мк. Тие раководат со комерцијалниот дел на медиумот пво се ангажирани маркетинг агенти. Еден од основачите е и Главен уредник. Тимот е составен од новинари, ИТ инжинер, фотографи, сниматели и монтажери. Главниот уредник раководи со тимот и е одговорен за содржината на објавените текстови, фотографии, аудио и видео содржини. Новинарите ги подготвуваат медиумските производи. Фотографите ги обезбедуваат фотографиите. Снимателите ги снимаат а монтажерите ги монтираат медиумските производи. ИТ инжинерот го организира и реализира стримингот, ги креира илустрациите, анимациите и ги координира како и следи профилите на медиумот на социјалните медиуми. Техничкиот дел од тимот нуди комерцијални услуги во вид на продукција на видео приказни, снимање, монтажа, стримање на настани, спортски натпревари и друго.
Изработката на комерцијалните видео приказни не влијае на независноста на уредувачката политика на медиумот и продуцирањето на овие платени видеа не смее да го наруши интегритетот и независноста на самата уредувачка политика.
Овој документ постојано ќе се менува и надградува согласно промените во медиумскиот бизнис, законските промени како и етичките новинарски стандарди.