518 нови случаи на ковид-19, од нив шест во Велес

Објавено на 10 август, 2021 во 15:32

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19.

Најголем број во Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово –  по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по едно лице.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти и пријавени се четири починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.