АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзнaто пилешко месо од Бразил

Објавено: 17 јуни, 2026, во 13:07 часот

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.

Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година,“ соопштија од АХВ.

Оттаму додаваат дека официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истаа причина и во декември 2025 година во Бразил вратиле пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак и упатија апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.