АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено

Објавено на 20 август, 2021 во 09:29

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

 Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков сообраќај.

На ден 20.08.2021 (Петок) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.