АМСМ: Забрана за камиони на повеќе патни правци
На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан, a поради обилни врнежи од снегод 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег врне во западниот дел на Републиката.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.