АСОМ донираше по 60.000 денари за семејствата на настраданите во пожарот во Тетово
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, АСОМ, денеска соопшти дека донирал по 60.000 денари на Црвениот крст за семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово.
– Ние уште еднаш изразуваме длабоко жалење за трагедијата и сочувство до семејствата на жртвите. Факт е дека ништо не може да ја надомести нивната загуба, затоа што човечкиот живот е ненадоместлив, но веруваме дека во вакви моменти секоја поддрша е добредојдена. Токму од овие причини, Асоцијацијата на спортски обложувалници со сите нејзини членки само два дена по несреќата донесе одлука, како и многу пати до сега, да делува одговорно и да обезбеди помош на оние на кои помошта навистина им е потребна. Најдобриот начин да ја реализираме донацијата беше токму преку нашиот партнер Црвениот Крст кој ќе се погрижи паричните средства да стигнат до секое семејство на настраданите во пожарот, велат од АСОМ.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Пауновска изрази благодарност за донацијата и истакна дека општествената одговорност на компаниите, институциите и организациите е од исклучителна важност за да се истакнат хуманите вредности и социјалната димензија на општеството.