Бесплатни патарини за српските туристи од 15 јуни до 15 август
Во знак на благодарност за вакцините против ковид-19 коишто Република Србија ги донираше за нашите граѓани, Владата одлучи од 15 јуни до 15 август да ги ослободи српските граѓани од плаќање патарина.
Министерството за финансии, треба да префрли средства во износ од 172 милиони денари за набавка на 200.000 картички на сметката на Владата, а ЈП „Државни патишта“ да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини.
-Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на буџетот на Северна Македонија,соопштија од Владата.
Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Северна Македонија преку граничниот премин „Табановце“.