Бројот на заразени во Германија продолжува да расте

Објавено на 12 ноември, 2021 во 13:39

Евидентирани се 48.640 новозаболени, а починале 191 лице во Германија во последното деноноќие.

Германскиот институт „Роберт Кох“ ги повика граѓаните да откажат или избегнуваат организирање големи настани и да ги намалат контактите бидејќи стапката на зараза со коронавирусот во земјата нагло се зголемува.

Во денешното соопштение, Институтот повика на „итно одложување на големите настани доколку е можно и намалување на сите други непотребни контакти“. Доколку таквите настани не можат да се избегнат, се препорачува тестирање иако луѓето се вакцинирани.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел следната недела ќе се сретне со лидерите на германските сојузни покраини за да разговараат за мерките ширум земјата.

Во многу региони, за во затворени простори се бара доказ за вакцинација, за прележаност или негативен тест, но овие мерки често не се применуваат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.