Бројот на жители во земјата намален за 9,2 отсто, 207 испразнети населени места

Објавено на 31 март, 2022 во 10:33

По две децении од одржувањето на последниот попис во 2002 година, бројот на жители во земјата е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти.

Тоа значи дека е изгубено население колку две или три поголеми општини во земјата. Пописот на населението и домовите покажа дека во земјата 207 населени места се без ниту еден останат жител.

Според бројките од пописот на Државниот завод за статистика, вкупното резидентно население на 5 септември 2021 година изнесувало 1.836.713 жители. Од нив, поголем број се жени односно 50.4 отсто, додека 49.6 отсто се мажи.

Во делот на резидентно население според петгодишни групи на возраст, кај „младото“ население најбројна е групата лица од 25 до 29 години, која брои вкупно 116.145 лица.

Според возрасната структура, најголем процент од населението односно 7 отсто, се во возрасната група од 40-44 години (128.186 лица). Второ по бројност е населението на возраст од 55 -59 (127.752 лица).

Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.