Целосна забрана за движење во шумски подрачја
Објавено на 3 август, 2021 во 09:44
Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја.
-Во текот на денешниот ден, вторник, 3 август, стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ државата. Ова е со цел за лична безбедност на граѓаните и заради спречување на натамошно ширење на пожарите, стои во писменото соопштение од Владата.
Ваквиот владин чекор следи откако во текот на вчерашниот ден територијата на нашава земја беше зафатена со неколку пожари, од кои најтешки за локализирање беа во Кочани и Старо Нагоричане, кумановско.